Во најпопуларното реално шоу „Задруга“ беше пејачот Слободан Радановиќ кој пред камерите ја изнвери сопругата Киа Коцкар со модната блогерка Луна Џогани.
Некои од јавните личности го следеа ова реално шоу и дадоа поддшрка на Киа, а меѓу нив беше и Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и пејачот Милан Станковиќ.
Милан и Киа беа гости на концертот на Јале Брат и Бубе Корелија, па закажале и ручек. Во последните неколку дена во медиумите се шпекулираше дека тие се во врска, а по тој повод се огласи и Милан.
„Се запознавме, тоа е тоа. Нема ништо меѓу нас“, изјави Милан.
Исто така и Киа прозборе за шпекулациите дека има нешто со својо колега.
„Милан и јас сме пријатели, дури зборуваме и за соработка, но за тоа не сакам сега да зборувам. Бевме на ручек, тоа е тоа, изјави Киа.
На прашањето дали би снимил дует со Киа или Слоба, Станковиќ одговори дека не му требаат дуети во кариерата.