Како што веќе сите знаат, пејачката Тина Ивановиќ (50) пред неколку години призна дека ги извадила силиконските импланти од градите и дека никогаш повеќе нема да посегне по естетска операција.
– Нема повеќе естетски интервенции на телото. Тогаш бев млада и луда, сега сум само луда низ смеа изјавила таа. Морам да кажам дека веќе немам импланти, сега сум природна. Многу е поубаво кога си природен…природни нокти, природна коса, природни гради…сето тоа природно – изјави атрактивната Тина пред неколку месеци во една емисија.
Имено, на Инстаграм профилот на Тина може да се најдат слики од пејачката како позира во бикини, а вниманието на сите веднаш го привлече нејзиното сега природно деколте. Пејачката и на прагот на шестата деценија изгледа како бомба, па затоа и не е ни чудо што добива голем број комплименти на сметка на изгледот.Тина во последно време привлекува големо внимание со својот стајлинг, па затоа пејачката секогаш е забележителна.
– Ништо не би додала или одземала. Секој комплимент ми се допаѓа, особено ако доаѓа од жени, од мажи се подразбира – вели пејачката која нема намера да ги крие своите атрибути.
– Се додека пеам ќе има и добри и лоши коментари, но ќе се облекувам како што сакам и додека можам да носам мини здолниште, ќе ги носам – била искрена.
Фото: Принтскрин/Instagram/tina_ivanovic_official