Тијана Милентијевиќ, на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали дека ја отворила летната сезона. Пејачката воодушеви со своето извајано тело, а под сликите со предизвикувачкиот костим за капење добива само пофални зборови.
Тијана одлучила да го спои убавото и корисното, па паузата помеѓу настапите ја искористила на сонце за да се исонча. Таа отпатува за Црна Гора каде имаше настап, но нејзиниот план беше да остане таму неколку дена. Пејачката се смести во вила со поглед на Свети Стефан, а колку уживала може да видиме од сликите кои ги објави.
– Тијана дојде со другарката, по цел ден се сончаа на пространата тераса, а подоцна одеа на плажа, иако не пливаа бидејќи морето се уште е прилично студено. Нарачуваа храна и пијалоци, слушаа музика цел ден и навистина уживаа. Тијана изгоре поради големата желба што побрзо да фати боја – објаснил изворот од Црна Гора.
Сепак, сонцето е силно, а таа веднаш не купила фактор за заштита и… ги поцрвене новите неодамна „ремонтирани“ силиконски гради!
Пејачката во описот на сликата напиша: „Малку изгорев, но не е важно“!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тијана Милентијевиќ