Радио Милева
клонирано детство

Тијана ја испрати Тамара на Евровизија па објави фотографија со која сите ги стави во недоумица: Дали можеби Хана (не) е нејзина ќерка? (ФОТО)

Тијана ја испрати Тамара на Евровизија па објави фотографија со која сите ги стави во недоумица: Дали можеби Хана (не) е нејзина ќерка? (ФОТО)

Сестрите Тодевски секако важат за едни од најпознатите во Македонија и соседството. Покрај вокалните квалитети и способности, нивната „семејна хармонија“ е повеќе од очигледна. Сестринска љубов, почитување, помагање, дружење…  големи како во ретко кое познато семејство, откако момите ќе се омажат!

Тијана ја испрати Тамара за Тел Авив. Овој пат не ја придружуваше како вокал. Остана само на моралната поддршка и стискањето палци за помалата сестричката. Со арно, со убаво, со среќа и желба за успех… И тоа јавно изразена написмено, за сите да видат. До душа, „мало на српском, мало на енглеском“  напишано, ама затоа гордо, искрено и од срце:

„Среќно препелице моја. Утре заминуваш на Евросонг 2019 и јас знам дека тамо че растуриш. Биди своја, биди реќна, биди најдобра како и што си. Јас сум најсреќна и горда што токму ти си моја сестра и што на 16-ти и 18-ти мај цела Европа и светот ќе те запознаат и засакаат. Те сакам!“ – напишала во писмото за поддршка Тијана алијас Јагодинка Симоновиќ, како што самата на себе си го дала уметничкото име, а под него фотографија од раното детство на двете сестри.

Тета Тијана до душа не објаснила дали ќе ја превземе должноста на одговорна мајка од сестра и додека Тамара е на Евровсонг, па ќе ги чува Хана и малиот Дарен? А, кога сме веќе кај децата, уште една  фотографија од детството на Тијана споделена на социјалните мрежи предизвика вистинска недоумица и ги стави сите во дилема!

Имено, Тијана објави фотографија кога била малечка, отприлика на истата возраст на која е сега ќерката на Тамара. И сите ги остави со подзината уста, зашто сличноста помеѓу Тијана и Хана е фрапантна!

Да не знаете дека на фотографијата е Тијана , ќе помислите дека е во прашање Хана! Едноставно Тијана како малечка и Хана на оваа возраст се „копи – пејст“! Како клонирани!

Оттаму и шеговитата дилема: „Да не е Хана можеби случајно дете на Тијана?“ Не е, ама… личи како да е!

 

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева