Ѕвезда надвор, ѕвезда и дома. Одблизу, лично и приватно со Тијана Дапчевиќ, вака Жарко Димитриоски ја опиша својта нова гостинка во 12-та сезона на неговото телевизиско шоу „Еден на еден“.
Тијана зборуваше на повеќе теми, од кои за животот во Белград споредено со Скопје, се осврна на снимањето на македонскиот ситком „Преспав“ каде ја игра Ула, дружбата и помошта од колегите актери, а потоа зборуваше за синот и за членовите на семејството, од што најинтересен беше делот за сестра си Тамара Тодевска. Имено, Тијана откри дека во сестринскиот однос не им цветаат ружи, но тоа е така бидејќи се бремногу поврзани една со друга.
-Кога беше мала добиваше серозен ќотек, па после јас од мајка ми, открива Тијана низ смеа и додава дека и денес знаат да имаат несогласувања, па Тамара знае дури да ја избрише од социјалните мрежи.
Знаат ли да ескалираат несогласивањата и да не си правите муабет? – ја праша Жаре.
-Знааат, знае да ескалира и да ме избрише од сите можни мрежи. Ме брише да, блок на вибер,на ватс ап, на инстаграм, на се ме брише. И потоа имаме потешкотија кога ќе ме врати, во комуникација конкретно на „ватс ап“ зашто таму тоа го памти, и јас кога и се јавувам пишува недостапна. И пракам порака, дај жити се јави ми се ,не можам стварно… Она е таа што брише, апсолутно, јас заборавам се’ за два саата. Она е во стање да де лути пет дена да не се јави. и ќе и се јави на мама она изигрува Унпрофор или на тато. Им викам што направивте бе,се поншатате како да имате 12,13год. Ама тоа е така затоа што сме поврзани, како црева, она е моја половина, тоа е многу природно и нормално, открива Тијана.
Во продолжение од видеото погледнете го целото интерву на Тијана Дапчевиќ: