Според правилата на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, како дел од жирито, покрај стандардните членови се појавуваат и гости кои ги оценуваат настапите на натпреварувачите.
Таа улога овој пат и припадна на Тијана Дапчевиќ која за оваа прилика реши да направи драстична стилска трансформација за која претходно се подготвуваше.
Имено, таа пред присутните се појави со руса перика во розова нијанса, а згора на тоа имаше и леќи во боја кои направија да има сини очи.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/pomisliv-deka-e-dara-bubamara-tijana-so-novata-frizura-gi-zbuni-sledbenicite-foto/
Необичниот шарен женски костум, манекенскиот став, периката и бојата на очите, нежната шминка, направија Тијана да изгледа тотално поразлично.
Не се сомневаме дека таму ги оставила сите во чудење, а истата реакција ја предизвика и кај следбениците на Инстаграм, а особено изненадена беше нејзината сестра Тамара Тодевска.
Мора да признете дека Тијана изгледа одлично!