Тијана Дапчевиќ често има пракса да прочепка по спомените од старите фото-албуми, да најде и покаже некоја интересна фотографија од времето.
Дапчевиќ е позната по андрогениот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа и фотографиите каде имала „испади“ во некое поженствено и за неа несекојдневно издание, се изненадувачки.
Овој пат, на ретро фотографијата која ја објави на Инстаграм има долга руса коса, додуша перика, црно кусо здолниште од тул и високи чизми кои дојдоа до израз од позата со крената нога.
Има и нежна шминка, венче во косата, цветче!
Некои од следбениците веднаш реагираа дека на прв поглед дури помислиле дека е нејзината сестра Тамара, а не таа.
-ТБ, кога имам долга коса ( не се палите, ова е перика) – пишува Тијана во описот.
Се сеќавате ли на Тијана во вакво светло?