Тијана Дапчевиќ која живее на белградска адреса, често поминува „Километри“ од Белград до Скопје.
Во интервју за „новотсти.рс“, Тијана проговори за својата кариера, музички успеси, за приватниот живот, за својата неоставрена желба.
„Јас сум од оние кои веруваат дека се што се случува е важно и дека секој „метар“ од мојот досегашен пат влијаеше на тоа да денес сум среќна, насмеана и своја. Многу тоа доаѓа од дома, а јас сум воспитана да бидам она што сум, да не се фолирам и да работам што ме исполнува и што ме прави среќна. Секако дека раѓањето на детето е најважниот настан во мојот живот, но има и многу други случувања, приватни и професионални кои придонесоа да бидам тоа што сум“ вели Дапчевиќ.
Кога станува збор за музичката кариера, Тијана најави дека подготвува нешто ново.
„Што се однесува до музичката кариера, во подготовка е нешто ново, а кога го велам тоа не мислам само на мене туку нешто потполно различино.Време е за нови ноти на овие простори. Тоа е се што можам да кажам. Што се однесува на приватниот живот, се подготвувам за новата училишна година бидејќи нема уште многу од летниот распуст“ вели Тијана.
Дапчевиќ проговори за песната „Proud“ со која нејзината сестра Тамара ја претставуваше Македонија на Евровизија.
„Песната „Proud“ е се она што ние сакаме да бидеме, се што сакаме за себе и нашите деца. За мене оваа песна значи гордост на моја сестра, која себе и својата држава ја претстави во Европа во најдобро можно светло, што покажува и дека освои прво место по гласовите на жирито“ вели Дапчевиќ за „новости.рс“.
Тијана откри и која е нејзината нереализирана желба.
„Мојата неостварена желба е да глумам во филм и да добијам Оскар, но има време, никогаш не е доцна за Оскар“ додава Дапчевиќ.
За потсетување, Тијана веќе се има пробано неколку пати како актерка, а последен пат имавме прилика да ја гледаме во серијата „Преспав“ каде ја имаше улогата на Ула.
Тијана најави дека работи на неколку нови проекти, но и дека пишува книга и дека не станува збор за класична, биографска книга туку за нешто поразлично.