Радио Милева

Тијана Дапчевиќ јавно откри колку килограми има (видео)

Тијана Дапчевиќ јавно откри колку килограми има (видео)

Во последното издание на емисијата „Магазин ин“ гости беа познати успшени дами и тоа: Илда Шаулиќ, Катарина Грујиќ, Верица Ракоќевиќ, Тијана Дапчевиќ и Нина Радуловиќ, а тема на емисијата беше – алфа и бета мажи.

Тијана уште на самиот почеток истакна дека таа е „најстаро омажена“ затоа што е во брак веќе 20 години.

фото: принтскрин/јутуб

„Како успеа, црна Тијана?“ праша Сања.

„Најдов бета маж“, одговори Тијана.

„Кога мажот трае 20 години во брак, дали тој е алфа или бета маж?“ праша Нина.

фото: принтскрин/јутуб

„И алфа и бета и гама. Трае бидејќи се чуваме. Траам јас, трае тој, ја се воодушевувам на себе. Никогаш подобро не сум изгледала туку сега со моите 76.5 килограми“ вели македонската пејачката, а Сања додаде дека не мора да зборува за килограми затоа изгледа топ.

„Ме чува мојот алфа, бета, гама маж“ додава Тијана.

Дапчевиќ исто така истакна дека на почеток била и се уште е заљубена во својот сопруг, но исто така тој успеал да ја промени.

Инаку, Тијана и Милан се запознаа на еден кошаркарски натпревар и во брак се веќе 20 години, а заедно го имаат синот Вук.

To top