Радио Милева

Тијана Дапчевиќ дојде од Србија да му помогне на тато во мешање Драчевски ајвар (видео)

Тијана Дапчевиќ дојде од Србија да му помогне на тато во мешање Драчевски ајвар (видео)

На пејачката Тијана Дапчевиќ и недостигаа најблиските во Скопје, па ја стисна педалата за гас и правец кон Македонија.

Откако пристигна, Тијана разбирливо отиде кај сестра си Тамара да си ги види внуците Хана и Дарен, потоа на ред беше еден козметички салон, а потоа на агендата низ Скопје беше Драчево.

Во оваа скопска населба живее нејзиниот татко Велко кој во вистински момент си доби помош од постарата ќерка.

Тато Велко живее во куќа, си има дворче, па може да си дозволи да си направи домашен- драчевки ајвар, односно како што појаснија, малиџано.

 

View this post on Instagram

 

Putin, tata i ja pravimo ajvar😂✌🏻

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Мешаше Тијана, па татко и, а додека објаснуваа зборуваа на српски, па добија забелешка од следбениците дека прават македонски ајвар во Мекедонија, а зборуваат на српски јазик.

Во следното видео од кое Тијана го сподели рецептот, зборуваше македонски јазик, вероијатно откако го прочита коментарот.

Како изгледаше сево ова, погледнете од видеото во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

To top