Промотер

Тие се трио, а се викаат „2ВЕ“ и имаат само една која се вика – „100 песни“ (ВИДЕО)

Тие се трио, а се викаат „2ВЕ“ и имаат само една која се вика – „100 песни“ (ВИДЕО)

Скопското поп-рок трио „2ВЕ“ дебитира на македонската музичка сцена со првиот сингл насловен „100 песни“, чиј комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски.

Иако ова е прва авторска песна за оваа музичка дружина, тие се присутни на сцената веќе подолго време, а најпознати се по соработката со колешката Александра Јанева и заедничкиот проект „Summer jam “ во чии рамки цело лето нè честеа со одлични преработки.

Деби-синглот на „2ВЕ“ стигна во комплет со видео, кое го изработи продукцијата на Крстевски – „КМ ентертејнмент“ – и е меѓу првите видеа од ваков тип во Македонија што се снимени со техниката „еден кадар“ (оne-take).

„Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски“, изјавија Љупче Стојановски (гитара и вокал), Тино Стојановски (гитара) и Синиша Зукиќ (тапани и кахон), а како изгледа и звучи нивното првенче дознајте во продолжение.

To top