Трите девојки од Велес, „The Chicks“ пред две години запливаа во музичките води и ја освоија публиката со својот талент и музика, а денес нивната агенда е полна со настапи, а пак од публиката добиваат премногу поддршка.
„The chicks“, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева се познати по своите кавери.
Во саботата во Кафе Драма во Велес го промовираа каверот за песната „Доживотно“ од Елена Ристеска.
Аранжманот е на музичкиот продуцент Дино Зукиќ, во чие домашно студио – Dino’s Home Studio песната е снимена. Видеото го изработи видео продукцијата Тулип Про, под режисерската палка на Данчо Стефков.
Трите девојки снимија и видео запис, еве како изгледа нивниот нов кавер.
https://www.youtube.com/watch?v=-0eA184aDXQ&feature=youtu.be