Радио Милева слаткаристика кај тодевски

Тета Тијана ветила, па им подготви рапсодија за сите сетила на Хана, мама Тамара и Вук (ФОТО)

Тета Тијана ветила, па  им подготви рапсодија за сите сетила на Хана, мама Тамара и Вук (ФОТО)

Тијана се врати во Македонија. Или поточно се пресели од Белград, назад во Скопје. Нееее… не се секирајте, се’ е во ред со семејството Дапчевиќ. Популарната Ула е на привремен престој „дома“, само заради снимањето на епизодите од новата сезона на хумористичната македонска ТВ серија „Преспав“.

За таа цел, Тијана преспива дома, кај мама Брана, или кај дада Тамара, а таму се Хана и нејзиниот Вук. А за децата да бидат мирни, среќни, задоволни и сити, тета Тијана има рецепт. Па, како што им беше ветила, им приготви „Рапсодија“ за сите сетила.

А, нејзината „Рапсодија“ вкусна,  слатка, чоколодна, филувана со крем, прекриена со и чоколадни трошки и по некој витамински додаток. Прсти да излижеш, како што тоа прва го направи малата Хана во присуство на мама Тамара, која исто така не им одолеа на слаткарските вештини на постарата сестра.

„Вкусно домашно и без додатоци, само за Хана и Вук“ … ама и за некој друг!

Впрочем, трудниците имаат зголемен апетит, па ионака треба се’ да пробаат. На мама Тамара не треба ништо да да и се брани, зашто носи уште некој што треба да се храни!

Ама сепак, се знае кој има предност во конзумација на слатката креација на славната тетка! А, кога на рацете имаш слатки мали прстиња, лажичката е вишок!

To top