Радио Милева искрено

„Тешко е за личноста со оваа дијагноза, тешко е и за семејството“: Сопругата на Брус Вилис едвај ги задржа солзите кога зборуваше за здравјето на нејзиниот сопруг (видео)

„Тешко е за личноста со оваа дијагноза, тешко е и за семејството“: Сопругата на Брус Вилис едвај ги задржа солзите кога зборуваше за здравјето на нејзиниот сопруг (видео)

Актерот Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција, која предизвикува проблеми со говорот и меморијата, како и разни промени во чувствата и однесувањето на пациентот. Неговата дијагноза беше објавена, а неговата сопруга Ема Хеминг Вилис сега јавно проговори за борбата низ која минуваат како семејство.

„Она што го учам со текот на времето е дека деменцијата е тешка. Тешко е за личноста со оваа дијагноза, тешко е и за семејството. И не се разликува ниту за Брус, ниту за мене, ниту за нашите ќерки. И кога велат дека тоа е семејна болест, навистина се во право“, изјави таа во емисијата „Топдеј“, пренесува „Дејли мејл“. Брус со Ема ги има ќерките Мејбел и Евелин, додека од бракот со колешката Деми Мур ги има ќерките Румер, Скаут и Талула. Ема сега раскажа како им кажала на децата за дијагнозата на нивниот татко.

„Ние сме многу отворено и чесно семејство. И најважно беше да им се објасни што претставува оваа болест од медицински аспект. Важно беше да им се каже за што се работи, бидејќи не треба да има никаква стигма поврзана со дијагнозата на нивниот татко или каква било форма на деменција“, истакна Ема.

На прашањето дали Брус бил свесен за неговата состојба, таа одговорила: „Тешко е да се знае“. Таа признава дека за неа веста за дијагнозата на нејзиниот сопруг била и благослов и проклетство.

„Некако, конечно разбирате што се случува, па можете да го прифатите тоа. Тоа не ја прави ситуацијата помалку болна, туку само ја прифаќаш и знаеш што е Брус, па е малку полесно. Толку многу убави работи се случуваат во нашите животи. Едноставно, многу ми е важно да ги тргнам очите од тагата за да видам што ни се случува“, искрена е сопругата на актерот. Таа нагласи и дека не сака луѓето да ја гледаат како „медицинска сестра на Брус Вилис“, туку како негова сопруга. Таа исто така додала дека тој ги учи нивните ќерки на прекрасни работи.

„Искрено, тој е подарок кој продолжува да дава љубов, трпение, издржливост, толку многу. Тој ме учи мене и нашето семејство. Тука сум и го правам ова не затоа што ова е мојата комфорна зона, туку ова е одраз на неговата моќ“, истакна меѓу другото Ема Хеминг Вилис, цело време едвај ги задржува солзите.

Фото: Принтскрин/Getty images/Ема Хеминг Вилис

To top