Радио Милева Недвижнини причина за раздор меѓу сестрите

Тепачка поради 400 илјади евра: Северина и нејзината мајка без знаење на Маријана го направиле ова…

Тепачка поради 400 илјади евра: Северина и нејзината мајка без знаење на Маријана го направиле ова…

Конфликтот меѓу Северина Вучковиќ и нејзината сестра Маријана се чини дека допрва ќе се пишува, бидејќи секој ден осамнуваат се повеќе детали за нивната нарушена врска.

Вчера ја објавивме за информација од извор од Хрватска, за тоа дека пејачката наместо да им го понуди делот од семејната земја на своите сестри, што морала по закон да го направи, му го дала на сопственикот, инвеститор, да изгради трговски центар. На овој начин таа ги доведе сестрите во ситуација да не можат да го продадат својот дел од имотот без согласност на инвеститорот. Денеска откриваме дека тоа не е единственото нешто што го предизвикало јазот меѓу Северина и нејзините сестри Маријана Поповиќ и Зденка Вучковиќ Жуниќ. Наводно, според добро упатени соговорници, на Маријана особено влијаело тоа што Северина за малку ќе ја одјавила од адресата во Сплит и дека, како што верува, можела да го продаде станот на нивната мајка Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Северина и нејзината мајка Ана насилно и без знаење на Маријана ја извлекле од адресата во станот на Ана во Сплит. Нивната намера била мајката да го продаде станот и сите пари да ги даде само на Северина, а не на сестрите Маријана и Зденка. Кога Северина во вторникот влегла во станот и таму ја нашла Маријана, веднаш почнала да и вика на сестра си: „Марш излез од мојот стан!“ Идејата на Северина и Ана беше да го продадат тој стан на улицата Пожешка во Сплит. Тој стан има околу 70 квадрати и денес на пазарот вреди околу 400.000 евра – вели изворот и понатаму објаснува:

– Работата е што ако Маријана ја отстранат од таа резиденција, можат да го продадат тој стан. И можат да ја одјават бидејќи живее во Германија, па Севе ја турка приказната дека живее во Германија за да се оправда дека ја избришала од адресата. Затоа Северина мудро преку својот адвокат во јавноста кажува дека нејзината сестра не живее во Сплит и дека со години немаат никаков контакт со неа. Ова што Северина им го прави на своите сестри е невидена неправда – заклучува изворот.

Да потсетиме, во вторникот попладне сестрата на Северина Маријана пријавила во полиција во Сплит дека нејзината сестра ја претепала, па по пејачката била распишана потерница. Севе потоа беше уапсена на аеродромот во Загреб, а потоа во седиштето на криминалистичката полиција ги отфрли овие обвинувања, а потоа јавно се правдаше дека била физички нападната.

фото:Alo.rs/Ilustracija/Instagram

To top