Пејачката Теодора Џехверовиќ пред два дена беше оперирана. Таа веќе неколку месеци се справува со здравствени проблеми поради кои на Бадник беше оперирана. Пејачката сега по операцијата се јави и од болница.
Имено, таа објави фотографија од болничкиот кревет и ги извести своите следбеници дека оваа година не и започнала баш најдобро.
„Драги мои, за мене има искушенија од првиот ден од оваа година. Само што почна да се подобрува, добив ужасни болки во стомакот. Имав операција на Бадник. Имав циста на јајниците која пукна и поради тоа ми се влоши состојбата“, започнала Теодора, а потоа додала дека сега се чувствува подобро:
„Засега се е во ред, освен секако дека ме болат раните, но се надевам дека се ќе биде во ред и дека се ќе зарасне како што треба. И покрај тоа, не го менувам мислењето дека ова ќе биде прекрасна година на која се радувам со целото мое срце“.
Да потсетиме, здравствената состојба на пејачката Теодора Џехверовиќ веќе извесно време е нарушена, поради што мораше да ги откаже настапите.
Фото: Printskrin/Instagram/teodoradzehverovic