Тенисерот Виктор Троицки ги потврди пишувањата дека тој и неговата бремена сопруга се позитивни на корона.
Како што истакна тој, тестирана е и неговата ќерка Ирина која е негативна.
„Точно е дека јас и сопругата сме позитивни. Таа се тестираше во четврток, а јас и ќерката во недела откако дознавме дека е позитивна. Ќерката е негативна, а сопругата и јас сме позитивни“ изјави тенисерот.
Од скаладниот брак, парот ја има ќерката Ирина која има три години, а наскоро ќе добие братче или сестричка.