Промотер

Теа Трајковска Ви го претставува новиот спот за „Која сум јас“ (видео)

Теа Трајковска Ви го претставува новиот спот за „Која сум јас“ (видео)

„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката.

Снимањето на спотот заврши пред неколку дена, а како режисер на истиот се јавува и овој пат Бане Поповиќ и неговата „Томато – Продукција“.

  Мислам дека оваа песна е најискреното нешто што сум го сработила и најблиско до тоа која сум навистина, имено затоа е албумот насловен по неа. Во видеото се обидовме да го оживееме каверот/омотот на албумот и со едноставна симболика да ја претставиме таа борба за идентитет после одредени случувања и состојби во животот на еден млад човек – вели Трајковска за ова музичко дело.

Соработката на младата пејачка со композиторот Лазар Цветковски продолжува, а и овој пат негови се музиката и аранжманот, додека текстот е на Теа.

Ова е нејзиниот видеоспот:

 

To top