Теа Трајковска оддамна докажа дека е луда по промени и физички и стилски и музички… За оние љубовните, се’ уште не се изјаснила ниту пак јавно пофалила на социјалните мрежи, зашто интимата засега ја остава само за себе и мал круг околу себе.
Менувањето на бојата и должината на косата, шминката, стајлингот и гардеробата се нејзината посилна страна, па во зависност од расположението таа храбро експериментира со нејзиниот изглед, кој се почесто го потенцира нејзиниот сексапил.
Со лик на светски модел и тело на манекенка, патем и останатите телесни атрибути достојни за истакнување, Теа не само музички, туку и физички се почесто привлекува внимание. Особено кога ќе се реши на похрабра комбинација во некој посекси стајлинг, кој ем е во тренд со актуелниот моден стил, ем го истакнува нејзиниот неодолив сексапил.
Без оглед даки се во прашање куси фустанчиња и високи чизми над колена или комплети од црна провидна тантела…
Теа изгледа доволно разголена за да ја поттикне возбудата и разбранува фантазијата, а сепак доволно пристојна за да не ја пречекори границата на добриот вкус.
Така беше и овој пат кога со новиот „физикус“ барем кога се вамп шминката и долгата русо бојадисана коса во прашање или можеби надоградба во вид на екстензија, пејачката предизвика „слатка тензија“ кај машката популација.
Особено впечатлив долгиот, црн свечен фустан со ултра-длабок „шлиц до препони“, од чија глетка на секое вистинско машко во главата ќе му „заѕвони“ алармот на фантазијата. Зашто шлицот беше толку длабок што ги открива речиси целите нејзини долги нозе, па малку фалеше да открие и нешто повеќе… Во пределот малку погоре!
На сето тоа ако ги додате високите кожени чизми над коленици, Теа наликува на оние секси убавици кои без оглед на нивната професија, уште на прв поглед на многумина им стануваат фатална опсесија.
Вака средена и стокмена, без оглед дали тргнала на настап, по приватна работа или можеби на љубовна средба, Теа Трајковска на излез од подземната гаража во молот, сигурна во себе и својот изглед мирно и препушти на „кармата да си ја заврши работата… за неа“!
Фото: Инстаграм/theatrajkovska