Пејачката Теа Таировиќ призна дека изгледа нема среќа во љубовта и тоа не го крие. Таа откри колку долго немала интимни односи.
– Две години сум без секс – признава пејачката.
Теа признава дека познат кошаркар сега и „паднал во очи“, но го крие неговото име.
– Имам симпатија, се работи за еден кошаркар кој никогаш не сум го видел во живо! Ќе ви кажам само дека е шест години помлад од мене и дека тоа е платонска љубов – додала Теа.
Иако нема момче, Таировиќ фантазира за нејзината свадба.
– Би сакал тоа да биде мала свадба далеку од очите на јавноста, на која ќе бидат присутни само семејството и најблиските пријатели. Секако дека би сакала еден ден да станам мајка, сакам да имам три деца. Јас сум единица и страдам поради тоа. Сигурна сум дека животот би ми бил полесен кога би имала брат и сестра – изјавила Теа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ