Фолк пејачката Теа Таировиќ им се врати на секојдневните обврски по непријатностите што неодамна ги доживеа додека се враќаше од настап во Германија.
Имено, Теа наводно била приведена, како што објавија српските медиуми, бидејќи наводно сакала преку граница да пренесе 70.000 евра во кеш, што не е дозволено.
Очигледно, стресната ситуација ја погодила Теа, која видно ослабе.
Да потсетиме дека нејзиниот менаџер Неша Бриџис ги демантираше наводите на медиумите и откри дека тие ја чувале Теа од сосема друга причина.
– Така е, ја пуштија. Како што кажав, таа преживеа три дена во Шенген зоната, па таму ја задржаа. Нејзиниот пасош е многу пополнет бидејќи многу патува и работи и затоа постапката траела подолго. Пред две недели дојде до лапсус, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е ок – изјави менаџерот на пејачката.
фото:папарацо лов принтскрин/Инстаграм