Радио Милева тон емоции

Теа Таировиќ си ја разголи душата, па откри поради која песна рони солзи: „Не можам да не плачам“

Теа Таировиќ си ја разголи душата, па откри поради која песна рони солзи: „Не можам да не плачам“

Пејачката Теа Таировиќ со нетрпение го очекува својот прв солистички концерт на Ташмајдан на 17 јуни, каде публиката ќе ужива во нејзините големи хитови кои имаат милионски прегледи на платформите за слушање.

Теа најави голем спектакл за да ја круниса својата кариера, која достигна вртоглава популарност со песната „Хајде“. По албумот „Балканија“, неодамна пристигна и вториот албум „Балерина“ кој е на сите плејлисти во регионот.

– Во сленг кажано, ние умревме за овој албум и мислам дека можете да го видите и слушнете тоа. Поминав низ ролеркостер од емоции додека не излезе албумот. Дури сега сфаќам што сме направиле. Горда сум на мојот тим, а во крајна линија и на себе, и најмногу и сум благодарна на мојата публика – изјави Теа.

Во морето од настапи, подготовки за концерт и нов проект, таа истакна дека во се’ успеала благодарение на големата љубов кон работата.

– За себе можам да кажам дека сум среќна личност. Колку што имам обврски, успеав да го снимам вториот студиски албум, кој се обидов да се надминам себеси. Еден недостаток на сон, нерви, недостаток на приватен живот. Но, го сакам тоа што го работам, а да не го имав, немаше да имам толкава енергија – истакна таа, а потоа откри во која песна најмногу се пронаоѓа.

-Се што пишувам излегува од мене, тоа е дел од мене, но песната која ги одбележа моите емоции е „Не грижи се мајко“. Таа песна е напишана за мене, и секоја чест за Вања и Милош, навистина направија одлична работа. Ја погодија целта. Не можам да ја слушнам таа песна без да плачам. Милион пати – нагласи таа.

фото: Инстаграм принтскрин/ Ало.рс

To top