Атрактивната пејачка Теа Таировиќ летото го помина работејќи во Црна Гора, а сега замина на турнеја во Австралија, а слободното време го искористи за сончање и уживање на плажа.
Имено, Теа е многу активна на својот Инстаграм профил, а сега објави фотографија во костим за капење, која секако не остави никого рамнодушен.
Пејачката позираше во дводелно бикини, ги крена рацете, а во преден план беше нејзиниот тесен струк. Бујните гради за малку ќе испаднеа од минијатурниот костим за капење, а коментарите за нејзиниот изглед доаѓаа во низа.
„Преубавa“, „Какво тело имаш“, „Неверојатна жена“, „Пожешко од ова не може“, се само дел од коментарите под објавата.
Инаку, Теа Таировиќ е наречена „кралица на бакшишите“ поради добрата атмосфера која ја создава на забавите, па неодамна за само две песни заработи 2.000 евра.
фото:Инстаграм принтскрин/Теа Таировиќ