Радио Милева работна блиц посета

Теа Таировиќ на еден ден во Скопје: Фолк ѕвездата одржа прес конференција пред големиот скопски концерт (ВИДЕО)

Теа Таировиќ на еден ден во Скопје: Фолк ѕвездата одржа прес конференција пред големиот скопски концерт (ВИДЕО)

Пејачката Теа Таировиќ вчера, среда, 22 ноември  околу 14.30 часот одржа прес-конференција по повод концертот што ќе се одржи на 16-ти декември во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.

Според кажувањето на официјалниот ПР на ивентот, водителката Ева Јовановска, Теа за рекордно време речиси ги распродала билетите за концертот, врз основа на што може да се заклучи дека има  многу голема заинтересираност за настапот на атрактивната фолк  пејачка во Скопје.

„Во врска со концертот подготвуваме се што е поврзано со Теа Таировиќ, што се очекува од името на Теа Таировиќ. Во Белград имавме спектакл на Ташмајдан, ништо помалку нема да се случи во Скопје. Мислам дека за шест месеци јас и мојот тим напреднавме многу и дека ви подготвивме секакви работи, бидејќи знам колку е страсна македонската публика, колку се страсни луѓето и колку ги сакаат моите песни. . Многу сум приврзана за Македонија, бидејќи пред се, овде секогаш сум добро примена, луѓето ме пречекуваат како да сум нивен роднина и моите први настапи меѓу другото беа и во Македонија. Мојот прв настап беше во Охрид и добро се сеќавам на секој детал“ – изјави Теа.

Таа рече дека и е жал што Војаж не настапил на нејзиниот концерт на Таш, сега најавувајќи го како специјален гостин на настапот во Скопје.

„На Ташмајдан ми недостигаше што на концертот не гостуваше момчето со кое направив дует, Војаж, но затоа ќе гостува на концертот во Скопје, каде заедно ќе ја пееме нашата песна „Балерина“. Тоа ќе биде наш прв заеднички настап, ни помалку ни повеќе туку концертен“ – изјави пејачката.

Теа се осврна и на нејзината песна „Израел и Палестина“, чии зборови беа сменети поради актуелните случувања во светот.

„Сама го напишав текстот на песната „Израел и Палестина“, а  ми помогна Саша Лазиќ. Песната „Израел и Палестина“ е обична љубовна песна, која зборува само за љубовта и за ништо друго. Мора да признаете дека и покрај сите овие случувања, римата во песната е одлична. Никогаш не можам да бидам поврзана со актуелните настани, мислам дека тоа е нелогично и токму затоа, за да го поддржам тоа што го кажав, го сменив текстот на песната, за луѓето да сфатат дека зборовите во песната се само заради рима и дека песната не  го губи својот контекст дури и да ставиш „Шпанија и Аргентина“ – рече фолкерката .

Пејачката откри дека на концертот во Скопје ќе отпее и песна од нејзиниот омилен пејач, Тоше Проески.

„Познато е дека многу ги сакам македонските песни и за мојот концерт планирам да ја подготвам изведба на мојата омилена песна на еден од најголемите естрадни уметници кој за жал веќе не е меѓу нас, а тоа е Тоше Проески. Една негова песна ќе биде ставена на мојот репертоар и можам да кажам дека ми е вокално секако тешко да ја изведам на пробите, но и заради тоа што ми е многу емотивна, но се надевам дека ќе ги надминам емоцииите до концертот во Скопје – појасни Таировиќ.

Теа Таировиќ одговараше и на останатите бројни прашања на македонските и српските новинари чии претсавници на медиумите за оваа прилика специјално дојдоа дури  од Србија.

По прес конференцијата која беше одлично организирана следуваше коктел-кетеринг дружење меѓу новинарите, пејачката даде неколку ексклузивни изјави и интервјуа, а подоцна беше гостинка и на снимањето на некои од најгледаните македонски ток шоу емисии како „Голден карпет“, на пример.

Фото: Вистина.ком.мк/Instagram/miroslavkacarov

Видео: Informer.rs

To top