Промотер

ТЕА со „Кога најдобро те познавам“ го промовираше албумот „Која сум јас“? (ВИДЕО)

ТЕА со „Кога најдобро те познавам“ го промовираше албумот „Која сум јас“? (ВИДЕО)

Младата македонска поп пејачка Теа Трајковска, заедно со промоцијата на своето дебитантски дискографско остварување – албумот „Која сум јас“, таа промовираше и нова песна заедно со видеото за неа.

Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напишала самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на проверениот македонски хитмејкер, Лазар Цветкоски, додека за реализација на видеото беше задолжена „Томато“ продукција.

Албумот содржи вкупно 10 песни, чиј автор е  Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот старт на нејзината кариера, како и неговата сестраМагдалена Цветкоска – Ена, која ги напишала стиховите за дел од песните.

„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“ – ќе изјави Теа на неодамнешната промоција.

„Веќе 5-6 години работиме и мислам дека имаме добар албум и навистина сум задоволен од сработеното. Теа е специфичен лик што има некоја своја различна нота и сето тоа ме мотивира да работам. Ние, сепак, црпиме инспирација од изведувачите“ – додаде Цветкоски на промоцијата.

А, Вие можете да го проследите видеото за песната „Кога најдобро те познавам“ во продолжение:

Извор: РадиоМК

To top