Радио Милева не е само раката...

Теа Ѓурѓевиќ ја чека уште една операција: Водителката не може да застане на нозе заради втората тешка повреда (ФОТО)

Теа Ѓурѓевиќ ја чека уште една операција: Водителката не може да застане на нозе заради втората тешка повреда (ФОТО)

Раката на водителката на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ која и беше откината во тешката сообраќајна несреќа, успеа да и ја спаси познатиот проф. Др. Марко Бумбаширевиќ, кој рече дека по успешниот хируршки зафат за  враќање на раката, очекува дека би требало Деа нормално да ја користи.

„Задоволен сум од нејзиното закрепнување. Деа изгледа одлично. И беше соопштено она што се случи и таа е  свесна дека нејзината рака беше откината. Деа е силна и здрава жена, и се надевам дека понатамошното закрепнување ќе тече во најдобар можен ред. Не се жали на болката …’ – објаснува г-дин Бумбаширевиќ.
Како што изјавил, со Деа се гледа секојдневно, а таа се радува кога ќе го види.

Сепак, водителката има и друг проблем, уште една повреда која воопшто не е лесна.

Имено во сообраќајката  Деа, исто така доживеала и фрактура на карлицата, што ја спречува да се крене и застане на нозе, а тоа ќе мора што побргу да се случи, за да се спречи развивање на други здравствени компликации. Затоа лекарите во Воената медицинска академија ВМА наскоро ќе одлучат кога ќе се изврши и операцијата на нејзината скршена карлица.

To top