Радио Милева
емотивно

„Те сака твојата сопруга, засекогаш “: Анастасија Ражнатовиќ објави досега невидени фотографии со Немања Гудељ со повод (фото)

„Те сака твојата сопруга, засекогаш “: Анастасија Ражнатовиќ објави досега невидени фотографии со Немања Гудељ со повод (фото)

На 32. роденден на Немања Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ објави низа досега невидени фотографии од нив двајца, а зборовите кои му ги испрати беа силни и трогателни.

Немања наполни 32 години, а тој и Анастасија се заедно повеќе од една година. Анастасија и Немања пред речиси еден месец се заколнаа на својата вечна љубов пред Бога, непосредно пред фудбалерот да замине на американската турнеја, каде одигра три натпревари, од кои првиот на 31 јули.

– Среќен роденден, љубов моја! Твојата сопруга те сака засекогаш и најмногу од се – напишала таа.

-Црковната венчавка сега не можеше да се одржи бидејќи во тек е Богородичен пост кој започна на 14-ти и трае до 28-ми август. Во договор со свештеникот од семејството Ражнатовиќ, владиката Стефано, Анастасија и Немања се договориле да се венчаат пред тој да замине за Америка. Не им требаше многу за да се организираат, бидејќи имаа само десет свадбари – членови на семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Гудељ

Останати вести од Радио Милева