Oткако неодамна го објави дуетот „Светот е“ со Тамара Тодевска, Роберт Билбилов ги израдува своите фанови со уште една нова песна.
За музиката и аранжманот се погрижи самиот Билбилов, а текстот е на Игор Џамбазов.
„Ова песна е вистински доказ за тоа колку совршени можат да бидат мелодијата и текстот кога се работи, мисли и делува искрено. Бескрајно им благодарам на луѓето кои се покрај мене, работат и веруваат во вакви моменти“ напиша Роберт на Фејсбук.
Во продолжение слушнете ја песната.