Радио Милева органите ќе бидат донирани

Тажна вест од Холивуд: Актерката што доживеа страшна сообраќајна несреќа ќе биде исклучена од апаратите што ја одржуваат во живот (фото)

Тажна вест од Холивуд: Актерката што доживеа страшна сообраќајна несреќа ќе биде исклучена од апаратите што ја одржуваат во живот (фото)

Актерката Ен Хеч моментално е на апарати за одржување во живот, а нејзиното семејство објави дека мозокот и е тешко оштетен, а актерката, за жал, нема да преживее.

Семејството на Ен Хеч јавно се огласи за состојбата на актерката и по тој повод објавија дека „Не се очекува актерката да преживее“ со оглед на тоа дека имала голема повреда на мозокот.

Откако предизвика две сообраќајни несреќи, Ен се здоби со голема повреда на мозокот и сега е на апарати за одржување во живот. Се чека потврда дали нејзините органи може да се донираат, пишува Дејли Мејл.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните добри желби и молитви за закрепнување на Ен и да им се заблагодариме на посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ана во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс. За жал, Ен претрпе тешка повреда на мозокот како резултат на несреќата и останува во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее“, се вели во соопштението.

„Ен имаше големо срце и со својата великодушност ги трогнуваше сите што ќе ги сретнеше. Таа имаше повеќе од нејзиниот неверојатен талент, сакаше да им донесе радост и добрина на другите. Ќе биде запаметена по нејзината храброст и искреност и многу ќе ни недостига“, се додава во изјава.

Полицијата во четвртокот за Си-Ен-Ен изјави дека истражува дали Хеч била под дејство на опијати во моментот на инцидентот, но дека „потребно е дополнително тестирање за да се исклучат какви било лекови што ги примила во болницата“, рече полицаецот Ени Хернандез.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

 

To top