Најстарата ќерка на актерката Деми Мур, Румер, откри дека таа и нејзините три сестри не разговарале со нејзината мајка додека била во брак со Ештон Кучер.
Румер истакна дека Ештон се однесувал како посредник меѓу нејзините сестра и нивната мајка. Имено, тоа се случило кога Деми Мур и Ештон имале криза во бракот. Тие сакале да добијат дете.
„Бев многу лута, посебено на Ештон.Имав чувство дека ми зема нешто што е мое. Кога нашата мајка сакаше уште едно дете, а тоа не се случи, таа беше фокусирана само на тоа. Имав чувство дека ние не сме доволни. Дури и пријателите ми велеа дека се загрижени за мојата мајка. Тогаш сфативме дека треба да го подобриме нашиот однос“ вели Румер.
„Тогаш одлучив.Ќе ја прифатам мојата мајка таква каква што е, бидејќи во спротвиност никој од семејството нема да зборува со мене“ призна Румер.
Имено, самата Деми призна дека била зависна од Ештон.
Деми и Ештон беа во брак шест години, а вниманието го привлекоа тоа што се разлика дури 15 години.