Ана Севиќ пред неколку месеци се разведе од сопругот и колегата Дарко Лазиќ. Во медиумите се шпекулираше дека бракот пукнал поради неверството на Дарко, како и неверствата на Ана.
И додека тие негираа и потврдуваа дека се е во ред, вистината излезе на виделина. Младиот пар беше разведен додека ги лажеше медиумите дека се е како што треба.
Првпат по разводот Ана Севиќ истакна дека не и било лесно да се разведе од Дарко.
– Никој не сака да доживее развод, посебно кога ќе влезе во брак со толку силни емоции како јас кон Дарко. Верувам во љубов и затоа мислев дека тоа ќе биде за цел живот, изјави пејачката.
фото: рас србија