Познатата српска пејачка Ана Кокиќ, се огласи на својот Инстаграм профил за да им ја покаже на своите следбеници шокантната сцена на соборената новогодишна елка, а веднаш потоа ги снимаше „извршителите“ на ова дело.
Првата приказна на Инстаграм покажува соборена елка, а украсите се расфрлани и скршени покрај неа. Очигледно тажна и нервозна, Ана објави „стори“ со расплакано „емотикон“, а потоа следуваше следната објава на Инстаграм, која ги покажува виновниците за овој хаос.

– Кој е виновен? – праша Ана на фотографијата каде седат куче пудлица и мачка на софата, како ништо да не се случило.

Очигледно, нејзините симпатични миленичиња направија хаос низ куќата.

Ана се зафати за работа за да ја врати елката како претходно, но прашањето е до кога?