Радио Милева

Таткото на Новак Ѓоковиќ прозборе за тајните во семејството за кои долго се шпекулираше

Таткото на Новак Ѓоковиќ прозборе за тајните во семејството за кои долго се шпекулираше

Таткото на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, за српски „Блиц“ открива дали има било каква вистина во тврдењата дека неговиот среден син Марко се оженил со долгогодишената свршеница – бразилската дизајнерка Летиција Тесари минатата година, како и ги чувал тие информации строго доверливо.

– Свадбата на нашите деца е нешто најубаво што ние како родители можеме да го доживееме и сигурно нема да го скриеме кога ќе се случи, тоа е нешто со што се гордееме – објасни Срѓан Ѓоковиќ за „Блиц“.

Тој додаде и дека Марко во моментов е во години на размислување за свечениот чин, но дека тој и неговата сопруга Дајана не се мешаат во одлуките на нивните синови.

фото:инстаграм

– Марко има 28 години и полека влегува во период кога вакво нешто може да се случи во наредниот период. Секако, кога тој ќе реши да го направи тој чекор, ние нема да го скриеме, но сите ќе го знаат тоа – рече Срѓан и откри дали семејството Ѓоковиќ е задоволно од бразилската снаа.

фото:рас србија

– Знаеш како, јас не прашав никого кога си одбирав за себе, па така ги одгледав синовите. Не се мешавме и нема да се мешаме во нивните избори, но јас сум сосема сигурен дека Марко го направи вистинскиот избор – заврши Срѓан.

To top