Радио Милева

Таткото на Меган Маркл откри детали од нејзината прва свадба: „На гостите им се делеше марихуана“

Таткото на Меган Маркл откри детали од нејзината прва свадба: „На гостите им се делеше марихуана“

Таткото на британската принцеза жали што не е во контакт со својата ќерка, но не престанува да открива детали од нејзиниот приватен живот.

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл не дојде во Лондон на венчавката на Меган и принцот Хари, а поради неговите изјави во медиумите војвотката го прекина контактот со таткото.

Томас со новите изјави повторно удри по угледот на Меган во кралското семејство, а овој пат изнесе детали од нејзината свадба во 2011 година.

„Бев на свадбата на мојата ќерка, но на фотографиите кои се достапни на медиумите мене ме нема. Таму имаше многу млади луѓе и не сакав да се фотографирам“, изјави Томас.

Новинарите го прашале дали на свадбата се конзумирало марихуана, тој истакна дека на гостите им се делело марихуана, а тоа на Јамајка е обичај.

„Не користам марихуана,а мислам дека не користи и мојата ќерка. Мојата ќесичка ја дадов на другите гости“ изјави таткото на Меган Маркл.

За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето прво дете.

To top