Веста дека најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус го потресе спортскиот свет.
Во текот на вчерашниот ден, Новак преку јавно соопштение потврди дека е позитивен на корона, исто како и неговата сопруга. Новак и Јелена се чувствуваат добро, немаат никакви симпотоми, а следните 14 дена ќе бидат во самоизолација.
Потсетуваме, на иницијатива на Ѓоковиќ изминатите два викенди во Белград и Задар беше одржен хуманитарен турнир „Adria Tour“ на кој учестуваат најголемите тениски асови од светот. Бугараскиот тенисер Григор Димитров учествуваше на двата турнира, но по натпреварот во Задар се повлече бидејќи не се чувствуваше најдобро. Тој замина во Монако и веднаш на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид 19, а турнирот веднаш беше прекинат. Голем број на учесници заминаа на тестирање, а Новак се врати во Белград каде што се тестираше и дозна дека е позитивен.
Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ смета дека бугарскиот тенисер со своето однесување нанел голема штета на Србија и Хрватска.
„Зошто се случи тоа? Затоа што човекот дојде болен кој знае од каде. Не се тестираше тука, се тестираше на друго место. Мислам дека тоа не е во ред….Добро, што да се прави. Нанесе голема штета на Хрватска, а и на Србија и на нас како семејство“ изјави Срѓан.
Срѓан вели дека е загрижен за тенисерот бидејќи физички се чувствува добро, но психички….
„На никој не му е добро, па и на него. Никој не се чувствува добро поради оваа ситуација. Секако дека не се чувствува добро, но ситуацијата е таква каква што е. Од ова мора да излеземе посилни, да се заштитиме“ изјави таткото на тенисерот за РТЛ.