Судијата Грегори Тотен соопшти дека нема да поднесе тужба против таткото на поп ѕвездата на Бритни Спирс, Џејми Спирс кој беше обвинет дека го нападнал својот внук.
Судијата тврди дека нема доволно докази кои го обвинуваат Џејми за физички напад на тринасетгодишниот внук Шона.
Вест беше објавена само неколку недели откако Џејми доби забрана за приближување на синот на Бритни.
„По прегледаните докази, ви соопштуваме дека нема доволни докази дека Спирс направил прекршок“ пишува во соопштението на Судот.
Како што пишуваа медиумите, Џејми и Шон се скарале поради тоа што детето упаднало во спалната соба и се заклучило, а Џејми ја разбил вратата и физички го нападнал.
Сопругот на Бритни го пријавил случајот во полиција и побарал забрана за приближување.