Метју Нулс, познатиот музичар и менаџер на групата „Destiny’s Child“, во која својата кариера ја започна и неговата ќерка Бијонсе, откри дека боледува од реткиот облик на карцином на града која ги погодува и мажите.
Во интервју за „Добро утро, Америка“,тој ги откри деталите за болеста, начинот на лекување, но како и им соопштил на семејството.
Инаку, карциномот на града кај мажите се појавува многу ретко и по некоја статистика се јавува кај еден меѓу 870 мажи.

Најчесто се јавува кај луѓе постари од 60 години, а тоа е затоа што мажите имаат мало ткиво зад брадавиците каде и се развива оваа болест.
Метју одреден период ја води кариерата на Бијонсе, но нивната соработка завршила по неговиот развод од мајката на Бијонсе.