Презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите и најелегантни ТВ дами.
Стојановска имаме прилика да ја гледаме на вестите на Канал5 телевизија каде со години професионално си ја работи својата работа.
Иако не е премногу активна на социјалните мрежи, понекогаш знае да објави некоја фотографија, а ретко имаме прилика да ја видиме во поразлични изданија од оние на кои сме навикнати.
Татјана гостуваше во емисијата „Еден на еден“ кај Жаре каде што зборуваше за својата професија, во еден момент дури и задача да чита брзозборки и одлично се снајде во тоа.
Исто така, таа откри дека со сопругот Михаил знаеле често да одат на караоке шоу и таа да се фати за микрофон и да ја запее „Признавам“ од Маријана и Росана.
Татјана заедно со Жаре во емисијата запеаја дел од познатата песна, а како звучеше тоа може да слушнете во видеото подолу.
View this post on Instagram