Радио Милева прекрасна како и секогаш

Татјана Стојановска се препушти во негови раце, а тој ја среди за чиста 10-ка

Татјана Стојановска се препушти во негови раце, а тој ја среди за чиста 10-ка

Презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите и наjпознати ТВ лица со долг работен стаж.

Пред ТВ екраните секогаш може да ја видиме скоцкана, дотерена, уредена онака како што доликува за водење на вести.

Иако има профил на Инстаграм, таа не е премногу активна и да се „виси“ на социјалните мрежи објавувајќи делови од нејзиното секојдневие.

Нејзините објави најчесто се поврзани со нејзината професија, па често позира од студио или во некои елегантни изданија.

фото: Инстаграм/татјана стојановска

Деновиве, Стојановска си посвети време на себе си, па замина на разубавување, иако таа е дама која редовно води сметка за изгледот.

Презентерката замина во студиото на мејкап артистот Александар Билјановски – Дадар, а тој ја среди за чиста 10ка. Со права коса и минимална шминка, Татјана позираше со крајниот резултат од средувањето.

фото: Инстаграм/татјана стојановска

Под објава доби еден куп комплименти односно нејзините следбеници и порачаа дека изгледа прекрасно како и секогаш.

фото: Инстаграм/татјана стојановска

„Убавица“, „Прекрасна“, „Прекрасна како и секогаш“ се некои од коментарите, а Стојановска уште една покажа зошто важи за едно од најубавите ТВ лица.

To top