Радио Милева

Татјана Стојановска проговори за приватниот живот: „Со Михаил заедно 8 години, од кои 7 во неформален брак“

Татјана Стојановска проговори за приватниот живот: „Со Михаил заедно 8 години, од кои 7 во неформален брак“

Татјана Стојановска важи за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки…

Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.

Татјана освен тоа што е успешна на професионален план, кога станува збор за приватниот живот таа ужива во семејната оаза со нејзиниот партнер Михаил Китаноски и нејзиниот син Матеј од претходниот брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatjana Stojanovska (@tatjana.stojanovska) on

Во интервју за женски магазин, презентерката проговори за својата кариера, за своите почетоци, за својот приватен живот..

Таа откри и како изгледа еден нејзин работен во времето на пандемијата со коронавирусот.

-Поради новонастанатата ситуација со пандемијата сите социјални дружби и посети се сведени на минимум. На работното место цело време сме со маски  и плус држиме растојание. Нови правила на однесување ни наметна ситуацијата и строго ги почитувам. Секако поради видот на работата цело време сум со физичко присуство во телевизија на моето работно место. Но ете досега фала богу добро се справувам, како ќе биде натаму ќе видиме. Работниот ден ми почнува во 14 часот, пред тоа секако домашни обврски и подготовка на изгледот за пред камера. Поради пандемијата сама се подготвувам од фризура и шминка, гардероба. Ретко посетувам фризер само за неопходни работи кои не можам сама да ги направам. Среќа сум вешта  во шминкање и можам и сама да се исфенирам па тоа ми ја олеснува подготовката за на екран“ вели Стојановска.

фото: Инстаграм/татјанастојановска

Таа проговори и за нејзиниот партнер Михаил, па откри и како се запознале.

-Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? “, вели презентерката.

фото: Инстаграм/татјанастојановска

Татјана додава дека она што ја врзува со Михаил е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата….

Инаку,  Стојановска го има синот Матеј кој веќе има 22 години, а како што вели тој е зафатен со своите студии, работа ,дружба со своите врсници, живот како и секој млад човек на таа возраст.

Целото интервју може да го прочитате тука.

To top