Радио Милева енергија до плафон

Татјана Лазаревска уморна и ненаспана со подочници, ама неуморна за забава и живот ко песна (видео)

Татјана Лазаревска уморна и ненаспана со подочници, ама неуморна за забава и живот ко песна (видео)

На фолк пејачката Татјана Лазаревска и нејзиното семејство им е лето во Австралија, ем топло за на плажа, ем новогодишно.

Татјана и Новица веќе долго време се натурализрани Австралијци заедно со нивните двајца синови, а како веќе познати естрадни уметници за и во дијаспората, редовно се едни од најбараните за балканска музика.

Празничниот период е густо набиен за брачната двојка, а Тања и Новица се неуморни за забава во секое време.

Позитивни, насмеани, распеани, па дури и кога уморот ќе ги стигне.

Па така, во едно од поновите видеа кои пејачката редовно ги споделува за својот Инстаграм, покажа весела атмосфера со големо друшто во својот дом, иако на лицето се гледа умор и подочници од напорните вечери.

Вака или така, важна е енергијата со која Лазаревска зрачи. За сон секогаш може да се најде време, но добро друштво и забава за овие распеани Македонци не се пропушта по секоја цена.

-Твој живот, твој избор… Јас секогаш избирам среќа, гласи девизата на македонската пејачка за која таа се држи цврсто.

Епа, наздравје за уште многу вакви денови!

фото:Инстаграм/Татјана Лазаревска

To top