Македонската фолкерка Татјана Лазаревска знае да ужива со полна пареа.
Иако не живее во Македонија, таа често е активна на социјалните мрежи, па нејзините пријатели, следебеници, фанови ги известува за своите активности, како од приватен така и професионален план.
Кога станува збор за приватноста, Лазаревска нема тајни, па често знае да се пофали со некоја семејна фотографија со нејзиниот сопруг и синот.
Неодамна објави фотографија со сопругот и нејзината мајка, а во описот напиша: „Добитна комбинација за провод“.
По оваа објава следуваше и нова каде што Лазаревска го пие кафето со нејзината мајка Снежана Лазаревска, а во описот напиша: „Бог не може да биде насекаде, па затоа ја создал мајката“,
Веруваме дека Татјана и нејзината мајка со вкусното кафе си направел и убав муабет, како мајка – ќерка.