Радио Милева инспирација...

Татјана Лазаревска има нова љубовна опсесија… на Инстаграм! (ФОТО+ВИДЕО)

Татјана Лазаревска има нова љубовна опсесија… на Инстаграм! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската фолкерка  која пред неколку години со своето семејство се пресели во Австралија, летово престојуваше во Македонија. Татјана Лазаревска се врати дома, па престојот во родната грутка максимално го искористи за многу нешта.

Да се види со роднините,пријателите и колегите, да запее по плоштадите и кафеаните, да се појави на некои од медиумите, па дури и да фати малку сонце по некој од базените или плажите.

Во меѓувреме главната спојка со родната земја од далечната земја на кенгурите и се социјалните мрежи, нормално. Преку нив се информира за се’ што се случува дома и се’ што неа и се случува таму. А кога главната комуникациска алатка ти е секојдневно пред очи, тогаш мора и инспирацијата да ти дојде од неа.

Така Татјана „киснејќи“ на Инстаграм „заглави“ во нова љубовна опсесија! Нееее, не е тоа што некој можеби помисли… Скраја да е, не го остави Новица, туку најде само инспирација за нова љубовна песна.

И као поинаку да ја наслови ако не по инспирацијата – „Инстаграм“!  Патем, присуството дома го искористи иза да сними видеоспот за истата со охридско-австралиската ИН продукција, во кој покрај пејачката придружната група ја сочинуваат згодни македонски девојчиња.

Така Татјана си најде нова љубовна опсесија, нова љубов што се дели грам на грам, на Фејсбук и на Инстаграм… А нејзината публика си доби нов фолк хит во „Инстаграм“.

И за оние во Македонија и за нашинците во Австралија, особено за оние каде што живее пејачката во Мелбурн, Викторија, еве го новиот синоним за еуфорија!

 

 

To top