Промотер

Татјана Лазаревска е – „Жена хероина“ (ВИДЕО)

Татјана Лазаревска е  – „Жена хероина“  (ВИДЕО)

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни.

Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.

Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја изведува Тања, песна во која нема жена која нема да се пронајде.

„Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања.

„Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“  порача Тања.

Спотот за песната го изработи Ване Петковски, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во нашот македонски езерски бисер Охрид, во продукција на „ИН ТВ“. Инаку Автори на „Жена хероина“ се Борче Димитров, кој ја направи музиката, додека стиховите ги напиша Орце Зафировски, а истата снимена е во студиото на Горан Милошевски, кој го направил аранжманот.

Се работи за една исклучително емотивна фолк балада, во која веројатно ќе се пронајде секоја жена… Опишувајќи ги чувствата, мислите  и внатрешната борба и кога е најубаво и кога не и оди, кога тагата надолу ја влече, а секоја солза како жар ја пече, таа одново наоѓа сила како Феникс да се крене на нога… како вистинска хероина која отсекогаш тоа и била.

Мелодија ко0а длабоко допира во душата и стихови со кои многу припаднички на понежниот пол ќе се соживеат и ќе речат како да се автобиографски… Како да се токму за нив напишани!

Затоа внимателно преслушајте ја оваа фолк балада на Татјана Лазаревска и проследете го видеото… Можеби токму некоја од вас ќе ја препознае во себе нејзината „Жена хероина“.