Радио Милева

Татијана Стефановска направи впечатлива промена од која не личи на себе (фото)

Татијана Стефановска направи впечатлива промена од која не личи на себе (фото)

Познатата фолк пејачка со битолско потекло и охридска адреса на живеење, Татијана Стефановска, како и многуте свои колеги поради пандемијата од коронавирусот остана на подолга пауза од настапите и тоа на непознато до кога.

Татијана сепак не го занемарува својот изглед иако не е на сцена, а како дама која често прави промени и не се плаши од експерименти, овој пат се одлучила од редот на бринети да пременине во впечаливи русокоси.

фото:томе табанов,татијана стефановска/принтскрин/фејсбук

Таа ја обоила косата во платинесто  руса нијанса, а откако ја објави промената на профилите на социјалните мрежи, лајковите и ласкавите коментари не престанаа да се редат.

фото:татијана стефановска/принтскрин/фејсбук

Иако не е првпат русокоса, току оваа нијанса како да е совршената за неа.

Инаку, Татијана Стефановска во месец март ја објави песната „На свадба ми дојдоа“ и спотот за истата.

Еве го за потсетување:

To top