Радио Милева веселба за вечно име

Татијана Стефановска ја крштеваше ќеркичката: Фолкерката запеа на крштевката на малата Ана (ФОТО)

Татијана Стефановска ја крштеваше ќеркичката: Фолкерката запеа на крштевката на малата Ана (ФОТО)

Македонската фолкерка Татијана Стефановска во средината на јуни годинава  се реализираше за прв пат во улогата на мајка.

Тогаш оваа вест дека ја изненади јавноста со оглед на тоа што немаше никакви наговестувања дека пејачката е бремена и дека ќе има принова во семејството, азашто трудничкото стомаче вешто го криеше.

Татијана на социјалните мрежи поточно на својот Фејсбук обелодени дека станала мајка и добила ќерка за која до одбра името Ана. Пејачката нешто подоцна за прв пат јавно сподели и фотографија од бебенцето, иако не го покажа неговото лиценце.

Среќната мајка ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а убавите  моменти на радост и бескрајна среќа битолчанка и нејзиниот сопруг,  музичарот Митко Бежановски викендов, ја крунисаа со крштевката на нивното прво дете.

Имено,  како што налага православната вера и убавите македонски обичаи, малечката наследничка беше крстена, а пота во нејзина чест следуваше и голема крштелна веселба. Собрани роднините од најблиското семејство и пријателите, заедно со родителите се веселеа и го прославуваа крштевањето на малата Ана.

Амбиентот со декор како од бајките, со многу балони, украси, слатки, торта…

 

Прославата весела, во еден реномиран угостителски објект, онака како што доликува: со богата софра, расположени гости, добра музика и уште порасположени домаќини.

 

Свирачете добро накитени со бакшиш, а со оглед на тоа што од нивната фела е и среќната мајка, и татијана се фати за микрофонот па запеа на крштевката на својата наследничка, малата Ана.

Се’ на се’, расположено, весело, разиграно, распенао , среќно… Епа, нека и е среќно и вечно името на малечката пинцеза!

Фото: Инстаграм принтскрин/tatijana_stefanovska/bezanoskimitko

 

 

 

To top