По долго време, една од најубавите и најзгодни македонски фолкерки Татијана Стефановска конечно има нова песна. Бираше, бираше и овој пат ја избра соработката со авторскиот тандем: Дејан Момировски (композитор и аранжер) и Борче Нечоски (стихови), кои се автори на песната, а истата е снимана во студиото „ХЛ Момировски“.
Овој пат згодната битолчанка решила малку да го прошара својот репертоар, па избрала песна која е многу поблиску до поп музиката отколку до класичниот новосоздаден фолк.
Очигледно е дека во вокалниот дел Татијана колку и да се обидува тешко дека може да избега во фолкот кој и е во вените и многу повеќе и лежи.
Сакајќи да избере помеѓу двата стила, Стефановска избрала „компромис“ во „Избери“, за чија визуелизација се погрижила екипата на „Веста продукција“, а истата коректно кореспондира со песната.
Во него покрај вокалните обиди да го смени стилот, Татијана сепак не го сменила стариот проверен рецепт да игра на картата на својот природен сексапил… и не згрешила во изборот!
Како звучи и изгледа кога Татијана ќе постави ултиматум: „Избери“, проследете во продолжение.