Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа – Таша Реј неодамна првпат станаа родители и го добија синот кој доби необично име Лукијан. Траперот на социјалните мрежи објави фотографии од Лукијан и Наташа како изглегуваат од приватното скопско породилиште каде малечкиот дојде на свет.
Зеланата ова лето е во мода, па двојката на фотографиите е облечена во стајлинг со иста боја.
„Лукијан е дома. Огромна благодарност до медицинскиот тим и Др. Симонида Котларова Попоска која покрај сите предизвици ни ги разубави животите, воедно огромно благодарам и до целокупниот медицински персонал кој будно го следеше Лукијан и Наташа, и им ја пружија сета нега. Се најубаво, ви благодарам уште еднаш на искрените честитки, и се дружиме за брзо“, напиша и Таша и Таско, па истиот статус го споделија секој одделно на своите лични профили на социјалните мрежи.
За потсетување, Таско и Наташа се венчаа во април и направија свадбена веселба на која славеа со зурли и тапани, плех музика и со многу јавни и естрадни личности, а направија и имтимна забава на која тогаш за прв пат го открија полот на бебето.
View this post on Instagram
Сега останува најтетовираната Македонка и популарниот трапер да покажат дека покрај тоа што се, умеат да бидат и добри посветени родители, во што не се сомневаме.
Епа малечок, добредојде дома!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/tasko.ur/tasha_ray_