Таско заедно со босанскиот артист Инас ја промовираа “Балкан Банда“. Ова е прва соработка на Таско со артист надвор од нашите граници.
Музиката е на Таско, текстот на Таско и Инас, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо. Видео спотот е сниман во Сараево во продукција на “New еra digital ѕtudio”. Високобуџетен спот во кој гледаме луксузни мерцедеси, скапи часовници. Песната е издадена за босанската продукција “Империја”.
Седумнаесет годишниот Инас Арнаутовиќ од Сараево, кој на музичката сцена се појави под уметничкото име Инас е во подем на босанската музичка сцена кој поприлично привлече внимание и ги освои симпатиите на љубителите на комерцијалната музика. Го викаат наследникот на Јала Брат, Буба Корели, Раста.. Тој и е во роднинска врска со Буба Корели, а е ексклузивец во една од најголемите продукции на балканот -“Империја”. Негови најпознати песни му се: “Да да да”, “Хај ко змај”, “Змиско тело”…
На Таско оваа му е уште една соработка, после претходната со Тракер за хитот “ Црна мечка“, а од Урбан ни најавуваат уште многу други песни и соработки за оваа година..
Во продолжение погледнете го видео спотот, кој за само неколку часа постигна висока позиција на трендингот на Јутуб во Македонија и во Босна.