Промотер

Таско и Фокс во урбан шмек меѓу голи стриптизети во – „Ди Каприо“ (ВИДЕО)

Таско и Фокс во урбан шмек меѓу голи стриптизети во – „Ди Каприо“ (ВИДЕО)

Македонскиот трапер Таско, по својата прва соработка со босанскиот артист Инас со кого ја промовираа “Балкан Банда“ има уште една, нова соработка со артист надвор од нашите граници.

Во прашање е Бранко Кљаиќ, попознат по уметничкото име Фокс, инаку роден во Сремска Митровица 1986 година, кој е српски хип-хоп музичар и е еден од главните претставници на трапот како музички правец во Србија. Својата прва песна ја снимил уште во во 2004 година, а Фокс денес живее во Белград каде покрај музиката има и сопствена линија за облека TGTB, која стана бренд низ целиот регион. Покрај тоа, тој е креатор на специјални типови забави, наречени Pump Up Show.

Токму со него, Таско во дует деновиве ја промовираше нивната заедничка трап тема „Ди Каприо“ ( Di Caprio),  која многу не отстапува од зацртаниот правец и не е поразлична од стилот кој обајцата трапери го негуваат и туркаат.

Музиката и стиховите во темата им се заеднички, додека битот и аранжманот одново ги потпишува Иван Јованов – Ивајо.

Автор на видеото полно со урбан шмек и разголени стриптизети е повторно Гордан Божиновски под етикетата на „God Eye Production“.

Како звучи и изгледа „Ди Каприо“ приказната на ова македонско-српско трап дуо, проследете во продолжение.

 

 

 

To top